Со впишувањето три големи и една средна банка од земјава во регистарот на Европскиот совет за плаќања (ЕПС), Македонија официјално започнува со членството во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА/SEPA). Првите трансакции се очекуваат од 6 октомври годинава, кога овие банки ќе започнат со извршување на СЕПА-кредитни трансфери.
Од Народната банка информираат дека преостанатите осум деловни банки исто така планираат да поднесат барање за впишување во периодот од јуни до август. Така, сите системски релевантни банки би биле дел од европскиот платежен екосистем.
Македонија стана членка на СЕПА на 6 март годинава, откако ЕПС го прифати барањето поднесено од Народната банка. Со тоа домашните банки добија можност да се приклучат кон европските платежни шеми, што им овозможува на клиентите да извршуваат плаќања во евра како и во која било друга земја од СЕПА (вкупно 41 земја членка).
Прочитај повеќе

Влезот во СЕПА ќе донесе повеќе странски инвестиции во Македонија
Овие плаќања се многу побрзи од вообичаените
11.03.2025

Брзо и лесно прекугранично плаќање во евра - Македонија стана членка на СЕПА
Членството во СЕПА е потврда и за високите регулативни стандарди во земјава
06.03.2025

Народната банка го поднесе барањето за членство во СЕПА
Народната банка го поднесе барањето за пристапување на земјава во Европската област за плаќања во евра (СЕПА).
11.07.2024
Што значи СЕПА за граѓаните и за компаниите?
Приклучувањето кон СЕПА носи директни придобивки: поевтини, побрзи и поефикасни прекугранични трансакции во евра. Ова е особено значајно за македонските граѓани што примаат или праќаат пари во странство, како и за компаниите што соработуваат со партнери од Европската Унија.
„Интеграцијата на домашните банки во европскиот платежен систем значи поголема економска поврзаност, зголемена конкуренција и пониски трошоци за плаќања во евра“, истакнуваат од Народната банка.
Еднакви правила за сите
СЕПА овозможува унифицирани стандарди за плаќања во евра, без разлика дали трансакцијата се врши во рамките на една земја или меѓу две различни земји членки. Плаќањата се процесираат брзо – обично во рок од еден работен ден, а трошоците се идентични како и за домашни трансакции.
Овој чекор е дел од пошироката стратегија на земјава за финансиска интеграција со ЕУ и модернизација на платежниот систем. Во исто време претставува значајно олеснување за деловната заедница и поттик за економската активност.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...