Граѓаните запишаа 33 милиони евра или над 2 милијарди денари во граѓански обврзници од третата емисија. На денешната аукција интересот беше значително поголем од објавениот износ со проспектот во висина од 100 милиони денари, соопшти Министерството за финансии.
На аукцијата беа запишани граѓански обврзници од страна на 1.543 граѓани. Една граѓанска обврзница изнесуваше 10.000 денари, рочноста е 2 години, а каматната стапка 4,5 отсто годишно. Запишаните граѓански обврзници ќе бидат запишани на име на граѓаните во Централниот депозитар на хартии од вредност.
Датумот на достасување на граѓанските обврзници од третата емисија е 19 декември 2027 година. Исплатата на каматата за првата година достасува на 19 декември 2026 година, а за втората на 19 декември 2027 година.
Прочитај повеќе
МФ најави ново задолжување кај населението најдоцна до средината на декември
Најдоцна до средината на декември ќе биде објавена новата емисија на граѓански обврзници, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, иако не откри детали пред официјално да се објави проспектот.
25.11.2025
Вложивте во македонски граѓански обврзници и депозити? Не заработивте ништо
Со помош на нашите аналитичари пресметавме колку е реалниот принос од граѓанските обврзници, орочените депозити и МБИ10.
19.09.2025
Претходно, Министерството за финансии два пати емитуваше граѓански обврзници во вкупен износ од 41,1 милион евра кои веќе се исплатени заедно со каматата за двете години. Во првата емисија беа запишани обврзници во износ од 23,5 милиони евра, додека во втората 17,6 милиони евра.