text size
Во април 2022 година, регистрациите на нови патнички автомобили во Европската унија забележаа значителен пад од 20,6 отсто, покажуваат новите податоци на Европската асоцијација на автопроизводители (АЦЕА). Главна причина за падот се проблемите со синџирот на снабдување коишто продолжија силно да го оптоваруваат производството на автомобили.