Градежната експанзија предизвика хроничен недостиг од паркинг-простор во Скопје, па цените на гаражите достигнуваат неверојатни суми. Според податоците на Катастарот за првата половина од минатата година, најскапата гаража чинела 30.000 евра.
Станува збор за гаража од 24 квадратни метри во скопски Аеродром, за која купувачот платил 1.854.000 денари. Еден квадрат, според нотарскиот акт, чини близу 1.260 евра односно 77.250 илјади денари.
Во огласите има многу слични цени. Во Дебар Маало се продава ѕидана гаража од 16 квадратни метри за 19.000 евра. Во Центар исто така се продаваат и две подземни гаражи (35 квадрати) за 30.000 евра. Нешто поевтино е во Кисела Вода, каде што 12 квадрати чинат 8.100 евра.
Прочитај повеќе
Гаража во скопски Центар чини колку стан во внатрешноста
За гаража 23.000 евра – просек во август 2024 година.
25.03.2025
Како земјоделското земјиште во Македонија стаса до фантастични суми
Во периодот од октомври до декември биле истргувани 6.144.319 квадратни метри или нешто над 614 хектари. За извршените трансакции е постигната вкупна цена од над 1,4 милијарда денари или близу 23,9 милиони евра. Пресметките покажуваат дека еден хектар земјоделско земјиште чини околу 38.000 евра.
11.02.2026
Најскапиот квадрат во скопски Центар 3.000 евра, расте продажбата
Најскапиот стан во четвртиот квартал од минатата година е продаден во скопската општина Центар по цена од 182.404 денари или близу 3.000 евра. За 83 метри квадратни купувачот платил вкупно 246.171 евра.
10.02.2026
Осамостојувањето е луксуз, младите живеат со родителите и во четвртата деценија
Во Бугарија, Ирска, Полска, Португалија и Шпанија околу 80 отсто од медијалната плата се потребни за изнајмување двособен стан. Во крајбрежните области во Шпанија и во Португалија за кирија е потреба цела медијална плата. Во туристичките места не се проблем само цените туку и тоа што становите сѐ почесто се изнајмуваат на краток рок.
13.01.2026
Дали иселениците купуваат - расте продажбата на станови во помалите градови
За разлика од Скопје, каде што побрзо растат цените, во помалите градови побрзо расте продажбата. А најголем број станови се продадени во општините со најголем број иселеници.
19.12.2025
На крајот на минатата година, според последните податоци на Катастарот, во градба биле над 27.500 стана. Според податоците на Статистика, пак, во декември лани биле издадени дозволи за градење на уште 411 стана, од кои најмногу ќе бидат во Скопје. Интензивната изградба на станови допрва ќе го стеснува просторот за паркирање, а цените ќе достигнуваат нови рекорди.
Аеродром и Карпош лидери по продажба
Во првата половина од минатата година биле истргувани гаражни за 1,9 милион евра. Најмногу трансакции имало во Аеродром, каде што биле продадени 68 гаражи за вкупна сума над 400.000 евра. Во Карпош имало 50 трансакции, со вкупна вредност од 21.207.613 денари (345.000 евра).
И во втората половина од годината најмногу гаражи се продавале во овие две скопски општини, а на државно ниво вкупната вредност на продадените гаражи надмина 2,4 милиони евра. Податоците од регистарот на цените и закупи за третиот и четвртиот квартал покажуваат дека за овие пари биле продадени околу 7.700 квадрати гаражен простор.
Закупите или не се интересни или не се евидентирани
Кога станува збор за закупите на гаражи, сликата е сосем поинаква. Во извештајот за првата година од минатата година е наведено дека интересот за изнајмување е помал споредено со истиот период од 2024 година.
Во Аеродром не се регистрирани закупи, а во Карпош имало само пет договори. Вкупната вредност на месечната закупнина за петте гаражи изнесува 75.600.
Највредниот закуп е регистриран во Росоман – киријата за една гаража од 52 квадрати изнесува 50.000 денари.
Иста е ситуацијата и во втората половина од годината кога станува збор за изнајмувањето гаражи во скопските општини, податоците говорат за два-три договори.
Вкупно, на ниво на целата држава во втората половина од годината под закуп се дадени нецели 1.000 квадрати.