Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намали прогнозата за глобалниот економски раст за оваа година, откако војната на Блискиот Исток предизвика силен нафтен шок и отвори ризик од значително економско забавување доколку конфликтот продолжи и дојде до поголеми оштетувања на енергетската инфраструктура.
Според новиот извештај World Economic Outlook, глобалниот БДП сега се очекува да порасне за 3,1% оваа година, што е намалување од претходната прогноза од 3,3% во јануари. Проекцијата се базира на претпоставка за релативно краток конфликт и умерен раст на цените на енергентите.
Поради високата неизвесност околу последиците од американско-израелскиот напад врз Иран, ММФ изработи три можни сценарија. Во најтешкиот исход, глобалната економија би се приближила до рецесија, која фондот ја дефинира како раст под 2%.
Прочитај повеќе
Војната во Иран ја турка еврозоната кон помрачните сценарија
Пазарите веќе калкулираат нови зголемувања, додека Европа се соочува со растечки ризици од војната и цените на нафтата.
пред 4 часа
ММФ: Нафтениот шок го тестира светот со ограничен фискален простор
Во својот следен извештај за светската економија, кој треба да биде објавен во вторник, ММФ ќе понуди три сценарија.
09.04.2026
ММФ предупредува дека токенизираните финансии може да разгорат кризи
Блокчејн-трговијата ветува побрзи трансакции и помали трошоци, но ММФ предупредува на ризик од финансиски колапс и бара строги правила за токенизираните пазари.
05.04.2026
Bloomberg
„Глобалните економски изгледи нагло се влошија по избувнувањето на војната на Блискиот Исток“, се наведува во извештајот. Во него се додава дека пред конфликтот постоеле услови за подигнување на прогнозата, поттикнати од инвестициите во технологија, намалувањето на трговските тензии, фискална поддршка и поволни финансиски услови.
Најголем удар се очекува за земјите во развој, каде растот е намален на 3,9% од претходно проектираните 4,2%. Развиените економии, вклучително и САД, би биле помалку погодени бидејќи се нето извозници на нафта.
Економските последици од конфликтот, кој практично го наруши движењето низ Ормускиот теснец и предизвика нагло зголемување на цените на нафтата, ќе бидат клучна тема на состаноците на министрите за финансии и гувернерите на централните банки во Вашингтон, во рамки на пролетните состаноци на ММФ и Светската банка.
Bloomberg
Во однос на инфлацијата, ММФ предупредува дека таа би можела да се зголеми во сите сценарија. Во најоптимистичката варијанта, глобалната инфлација би достигнала 4,4%, додека во средното сценарио растот би забавил на 2,5%, но со инфлација од 5,4%. Во најлошото сценарио, со цена на нафтата од околу 110 долари за барел, глобалниот раст би паднал под 2%, а инфлацијата би се искачила до 6,1% во следните години.
Bloomberg
Во поширокиот регион на Блискиот Исток и Централна Азија растот би забавил на 1,9%, а некои земји како Бахреин, Ирак, Кувајт и Катар би можеле да забележат пад. За Иран се предвидува пад на БДП од 6,1%, што е драматичен пресврт во однос на претходно очекуваниот раст.
Главниот економист на ММФ, Пјер-Оливие Гуринша, изјави дека конфликтот го прекинал економскиот замав, нагласувајќи дека конечниот ефект ќе зависи од неговото времетраење и од брзината на нормализација на енергетските текови по завршувањето на непријателствата.