Инфлацијата во САД забрза во мај, достигнувајќи најбрзо темпо во повеќе од три години, бидејќи војната во Иран ги зголеми цените на енергијата, надминувајќи го растот на платите на Американците.
Индексот на потрошувачки цени (CPI) порасна за 0,5 отсти во однос на април и за 4,2 отсто во однос на минатата година - најмногу од почетокот на 2023 година, според податоците на Бирото за статистика на трудот. Основниот показател за инфлација, кој ги исклучува храната и енергијата, сепак се зголеми за помалку од очекуваното – 0,2 отсто месечно.
SeongJoon Cho/Bloomberg
Повеќе од половина од растот на CPI се должи на повисоките трошоци за енергија, иако цените во некои категории како транспортни услуги, здравствено осигурување и нови возила паднаа. Тоа е мала утеха за потрошувачите чии плати веќе се нагризени од поскапувањата.
Прочитај повеќе
Зошто војната на Трамп не ја уништи иранската економија?
Војната со Израел, блокадата на САД и долгогодишните санкции дополнително ја влошија ситуацијата во иранската економија, која се соочува со инфлација од 77 проценти, пад на БДП и растечка сиромаштија.
09.06.2026
Пазарот на обврзници му порачува на Ворш: Каматите треба да бидат повисоки
Инвеститорите сè повеќе стравуваат дека Фед заостанува зад инфлацијата, а пазарот испраќа порака дека е потребна построга политика.
09.06.2026
Инфлација од 4,8 отсто измерена во мај
Стапката на инфлација во мај изнесува 4,8 отсто споредено со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Индексот на цените на мало во истиот период бележи зголемување од 5.6 отсто.
08.06.2026
Пад на БДП во еврозоната на почетокот на годината поради Ирска
Бруто домашниот производ падна за 0,2 проценти помеѓу јануари и март, соопшти Евростат.
05.06.2026
Климата почна да ја одредува цената на храната
Сушите, топлотните бранови и поплавите веќе не значат само послаб род, туку и поскапа храна, понестабилни цени и инфлација со која сè потешко се справуваат потрошувачите, производителите и централните банки.
05.06.2026
Дури и ако наскоро има решение за конфликтот, економистите предвидуваат нови ценовни притисоци, што би можело да ги натера Федералните резерви да размислат за зголемување на каматните стапки оваа година. Освен енергетскиот шок, нарушувањата на пазарите со ѓубрива може да доведат до повисоки сметки за храна, а растот на транспортните трошоци да ги зголеми цените на широк спектар производи.
„Колку подолго трае конфликтот на Блискиот Исток, толку пошироки и потрајни ќе бидат инфлациските притисоци,“ изјави главниот економист на„Партенотн“, Грегори Дацо. „Повисоките цени на ѓубривото ќе ја зголемат инфлацијата на храната, додека растот на транспортните и производствените трошоци постепено ќе се прелеваат на поширок спектар добра и услуги.“
Цените на основните производи (освен бензин) растеа побавно: цените на храната се зголемија само за 0,1 отсто. Трошоците за енергетски услуги (електрична енергија и гас) исто така напредуваа со побавно темпо. Бензинот скокна за 7 отсто.
Друг извештај покажа дека реалните просечни часовни заработки паднале за 0,7 отсто во однос на минатата година - најголем пад во повеќе од три години. Комбинацијата од повисоки цени и послаб раст на платите врши дополнителен притисок врз семејните буџети во време кога довербата на потрошувачите е на рекордно ниско ниво, што веројатно ќе биде централна тема на ноемвриските избори. Популарноста на претседателот Доналд Трамп опадна бидејќи Американците се разочарани од неговото управување со економијата.
Цените на авионските билети пораснаа за 2,7 отсто во мај, а трошоците за достава се зголемуваат трети месец по ред. Цените на стоки (без храна и енергија) паднаа за 0,1 отсто - најмногу во повеќе од една година.
SeongJoon Cho/Bloomberg
Цените на нови возила паднаа втор месец по ред, додека цените на користени автомобили малку се зголемија. Цените на облеката продолжија да растат, но со побавно темпо. Инфлацијата на кириите се забави, а хотелските цени пораснаа за 0,5 отсто, четврти месец по ред. Некои економисти сметаат дека тоа е во очекување на Светското првенство во фудбал, кое започнува оваа недела во 11 американски градови.
Што велат од „Блумберг Економикс“:
„Вкупната инфлација веројатно го достигна врвот во мај. Основната инфлација беше умерена бидејќи претпазливоста на потрошувачите ги задржа цените, и покрај снабдувачките шокови што ја погодуваат економијата.“
Индикаторот за услугите што Федералните резерви внимателно го следат, а кој ги исклучува трошоците за домување и енергија, порасна за помалку отколку во април.
Преферираниот показател за инфлација на Федералните резерви - индексот на цените на личната потрошувачка (PCE) - не дава толкава тежина на трошоците за домување како што тоа го прави CPI. Податоците за цените на производителите, кои треба да бидат објавени во четврток, ќе понудат увид во дополнителни категории - вклучително и мерка за авионски билети - кои директно влегуваат во PCE, што ќе биде објавен подоцна овој месец.
Се очекува Федералните резерви да ги задржат каматните стапки стабилни на нивниот состанок за монетарна политика на 16-17 јуни, кој ќе биде првиот под водство на новиот претседател на централната банка, Кевин Варш. Но инвеститорите, според фјучерсите, очекуваат Федералните резерви да ги зголемат стапките до крајот на годината како одговор на повисоката инфлација.