text size
Пазарот на трудот во САД почнува да еродира за групата млади возрасни, кои обично се најчувствителни на економската криза. Тоа го покажува најновото истражување на ФЕД Сент Луис. Откако ФЕД почна да ги подигнува каматните стапки на почетокот од оваа година, дојде до пад на соодносот на вработеноста и бројот на жители, кога станува збор за Американците на возраст од 20 до 24 години што не се запишани на факултет, покажува анализата на Вилиам Роџерс, директор на Институтот за економска правичност при ФЕД Сент Луис.