text size
Украина и Русија денеска попладне во Истанбул ќе потпишат договор за извоз на жито, соопшти синоќа кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој заедно со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и претставници на Украина и Русија, ќе учествуваат на церемонијата на потпишување, што ќе се одржи во палатата Долмабахче во Истанбул.