Палминото масло продолжи да расте четврта сесија по ред, достигнувајќи го највисокото ниво во последните две недели, поттикнато од зголемената побарувачка за малезискиот производ.
Извозот од Малезија, вториот по големина производител во светот, порасна за 1,6 отсто на месечно ниво во првите 25 дена од декември, според податоците на „Интертек“ (Intertek Testing Services). Индија беше најголем купувач, со увезени 279.550 тони, што претставува раст од 66 отсто во однос на истиот период од претходниот месец.
Палминото масло на највисоко ниво во две недели Кина ја зацврстува трговската предност во Европа, додека ЕУ предупредува на ризици за индустријата и разгледува нови мерки против растечкиот увоз.
12.12.2025
Претседателот Доналд Трамп и премиерот на Малезија, Анвар Ибрахим, во неделата потпишаа трговски договор и договор за критични минерали, додека американскиот лидер се стреми да ја зголеми трговијата низ Југоисточна Азија.
26.10.2025
Станува збор за сончева електрана во Ново Село проценета на 1,2 милиони евра.
21.12.2024
Прочитај повеќе
Растечкиот кинески извоз ги заострува трговските тензии со Европа
Нов трговски договор меѓу САД и Малезија, ретките минерали во фокусот
Малезијци купуваат соларна фарма во Македонија, најавуваат други аквизиции
Bloomberg
„Извозот сега сигурно ќе расте, бидејќи побарувачката за празничната сезона се зголемува“, изјави Гнанасекар Тијагораџан, раководител на тргување и хеџинг-стратегии во „Калисуари интерконтинентал“ (Kaleesuwari Intercontinental). Побарувачката пред лунарната Нова година и Рамазан, во февруари 2026 година, исто така се очекува да ја поттикне цената.
Сепак, тој додаде дека посилниот малезиски рингит може да ги ограничи добивките. Малезискиот рингит се зајакнува трет ден по ред и е на пат да го достигне највисокото ниво во последните четири и пол години. Посилниот рингит го прави палминото масло поскапо за странските купувачи, па токму валутата може да го ограничи понатамошниот раст на цената.