Термо модулар разви сопствен иновативен систем на зелена еко градба , проект составен од повеќе иновативни решенија кои во основа ја решаваат енергетската ефикасност на градежните објекти во зависност од барањето на инвеститорот (Бкласа , Акласа , А+ или А++ класа) без употреба на додатни терички изолзциони материјали.
Во производната палетата на Термо модулар се наоѓаат иновативните оргинални елемнти за термички оџаци, елемнти за вентилациони канали ,надвратници и натпрозорници, термо декоративни фасадни елемнти и модуларни градежни елемнти за ѕидови со различни дебелини и тоа 10см, 15см,20см, 25см, 30см. Посебно го издвојуваме термоблокот со 30 см дебелина кој е оргинално иновативно решение за енергетски ерфикасна градба. Со него при самото изѕидувае со еден елемент се прави комплетна ѕидна површина со вентилирана фасада притоа коефициент на термичкта пропусливост на ѕидната конструкција е U=0,013W/m2K.
Производите на Термо модулар се трајни долговечни, незапаливи, огноотпорни, отпорни на екстрено високи и екстремно ниски температури, лесни се (500 – 700кг/м3), се рециклират. Иновативната геометриска форма на блоковите овозможува побрзо и полесно ѕидање, а истовремено ги прави ѕидните површини покомпактни , сеизмички постабилни и секако најважно во потполност ги решава- ги исклучува вертикалните и хоризонталните термичките и звучните мостови на ѕидните површини. Модуларните термо блокови обезбедуваат термо изолација на надворешните ѕидови од надвор и од внатре. Во споредба со ѕид од иста енергетска класа го намалува времето за изработка 25-50%работни часови , а уште позначајно ја намалува дебелината на ѕидовите, со што се прави и заштеда на внатрешен корисен простор од 6-10% придобивка наинвеститорот.
Сите овие карактеристики на производите на Термо модулар како систем на зелена еко градба да најдат примена во изградба на одржлива , еколошки и енергетски ефикаснна иднина.