Проектот „Генератор за електрична енергија HHO“ има цел да произведе електрична енергија за помалите индустриски капацитети и за домаќинствата.
Генераторот е составен од два HHO-генератора, затворен сад со дестилирана вода, акумулатор од 70 Аh, трансформатор (220V-12V), пумпа, заштитен цилиндар и агрегат од 5kW за производство на електрична енергија. Со почетната енергија на акумулаторот при разложување на дестилираната вода од садот се произведува HHO (водород-водород-кислород) во двата HHO-генератора.
Добиениот водород и кислород преку гумени водови се поврзуваат со заштитен цилиндар кој оневозможува водородот да се запали при техничка грешка на агрегатот. Преку заштитниот цилиндар водородот и кислородот се упатуваат кон агрегатот за производство на електрична енергија.
Со ова агрегатот почнува да работи и циклусот е отворен, при што се добива електрична енергија од 5КWh. Од произведените 5kWh, 0,5 kWh преку трансформаторот се користат за напојување на HHO-генераторите, дополнување на акумулаторот и работа на пумпата, чија цел е да го забрза движењето на водата и тројно да го зголеми производството на HHO.
Со ова крајно се добива ефикасна електрична енергија од 4,5 КWh што е слободна за употреба.