text size
По години на големи очекувања, индустријата за водород сè повеќе се насочува кон економски исплатливи проекти. Иако водородот се смета за едно од клучните решенија за намалување на емисиите во индустријата и во другите сектори во кои е тешко да се спроведе декарбонизација, неговата висока цена и натаму ја кочи пошироката примена. Истовремено, Европа се соочува со сè посилна конкуренција од Кина, која забрзано ги зголемува производствените капацитети.