text size
Федералните резерви на САД (ФЕД) очекувано ги зголемија каматните стапки за 25 базични бода, во распон од 4,5 до 4,75 проценти, коментира Андреј Кнез, аналитичар во „Блумберг Адрија“, додавајќи дека со тоа дополнително се забавува процесот на монетарно затегнување, со оглед на претходното зголемување од 50 и уште порано покачувањето во повеќе наврати од 75 базични бода.