program image

GEMS

Знаете ли дека компанија во Загреб ја предводи биотехнолошката револуција во светот? Или дека стартап од Сараево ја менува традиционалната авио-индустрија? Во новата серија на „Bloomberg Adria – Gems“ откриваме компании кои се скриени скапоцени камења во регионот на Адрија. Овие компании трчаат кон иднината, создаваат производи и услуги за други бизниси и на тој начин цврсто се позиционираат на европскиот или светскиот пазар. Јелисавета Лазаревиќ, авторката на емисијата, која и докторирала истражувајќи скриени шампиони, носи приказни за бизнисите од регионот и нивните формули за создавање глобален деловен успех. Продуцент на емисијата „Gems“ е Валентина Грубишиќ.