text size
Стравот од влијанието на вештачката интелигенција врз бизнис-моделите не е нов, но во последната година почна да добива многу поконкретни контури на пазарите на капитал. Еден од најјасните примери е „Чег“ (Chegg), технолошко-образовна компанија чиј бизнис-модел беше сериозно разнишан по појавата на напредни ВИ-четботови кои на корисниците им нудат слична услуга бесплатно и поефикасно.