text size
На светските берзи инвеститорите се загрижени поради рецесијата, додека Европа и натаму ја тресат високите цени на енергијата. Неделата ја одбележаа централните банки кои една по друга повлекоа „рачна“ и ги зголемија каматните стапки. Заедно со американската централна банка (ФЕД), која ги зголеми клучните каматни стапки за 75 базични поени, тоа го направија и централните банки во Велика Британија, Шведска, Швајцарија, Норвешка и други земји. Шведската централна банка ги зголеми каматните стапки за цели 100 базични поени.