text size
Акциите паднаа во Азија, а приносите од обврзниците пораснаа поради загриженоста дека силната инфлција и острата монетарна политика дополнително ќе ја забават светската економија. Акциите паднаа во Јапонија, Австралија и Хонгконг. Вестите дека кинеските власти расправаат за тоа дали ќе го намалат времето на карантин за луѓето кои доаѓаат во земјата помогна за зауздување на падот на берзите, при што индексите варираа од зоната на загуба во зоната на мали добивки.