Акциите пораснаа, а фјучерсите сигнализираа добивки за американските акции во првиот ден од тргувањето во 2023 година. Јенот ја загуби својата добивка, додека златото се тргува на највисоко ниво во последните шест месеци.
GOLDS:COM
GOLD SPOT $/OZ
1.836,46 USD
+12,437 +0,68%
почетна цена
1.828,03
претходна цена на затворање
1.824,018
промена од почетокот на годината
0,96983585706297%
дневен опсег
1.826,95 - 1.849,98
опсег на 52 недели
1.614,96 - 2.070,44
Фјучерсите за S&P 500 пораснаа, а исто така и европските акции. Акциите во Хонгконг и континентална Кина зајакнаа по почетниот пад.
Инвеститорите ја започнуваат 2023 година со намалени очекувања, откако минатата година острите промени доведоа до загуба од 20 проценти на вредноста на глобалните акции, што претставува најлош резултат од финансиската криза. Обврзниците загубија 16 проценти, што претставува најголем пад од 1990 година, додека централните банки ги зголемуваат каматните стапки за да ја забават инфлацијата.
„Ја почнуваме годината со строги финансиски услови и потенцијален инфлациски пулс што доаѓа од Кина, а тоа значи дека веројатно ќе мора во оваа календарска година да влеземе релативно внимателно во целото портфолио“, изјави во интервју за Блумберг ТВ Марк Френклин, виш управител за портфолија за „Манулајф инвестмент“ (Manulife Investment Management).
JPYUSD:CUR
JPY
0,007656 USD
почетна цена
0,007645
претходна цена на затворање
0,007645
промена од почетокот на годината
0,8785%
дневен опсег
0,00 - 0,00
опсег на 52 недели
0,01 - 0,01
Индексот за вредноста на доларот напредуваше по два дена пад. Јенот накратко зајакна на шестмесечен максимум во однос на доларот, бидејќи одлуката на Јапонија да ги подигне ограничувањата на приносот од обврзниците минатиот месец ги поттикна облозите дека државата може уште повеќе да ја заостри политиката. Јапонската валута подоцна ги избриша тие добивки.