text size
Берзанските индекси на Волстрит пораснаа во понеделникот пред објавувањето на финансиските извештаи за вториот квартал. Инвеститорите се надеваат дека резултатите ќе бидат подобри од очекувањата. Исто така се очекува крајот на циклусот на зголемување на каматните стапки од страна на Федералните резерви (ФЕД).
Азиските берзи паднаа по објавувањето на податоците за послабиот економски раст на Кина, во споредба на она што се очекуваше. Во Кина и Хонгконг акциите се слизнаа за 0,3 и два отсто, соодветно. Најавите за владини стимулации не го коригираа тој пад. Економистите во некои од најголемите банки, како што се „ЏП Морган“ (JPMorgan Chase & Co.), „Морган Стенли“ и „Ситигруп“ (Citigroup), ги намалија прогнозите за раст на пет проценти.