text size
Уште за три години се продолжува периодот во кој на официјалниот пазар на Македонската берза ќе има и задолжителна котација. Таму котираат компаниите што за тоа имаат законска обврска, а сега Владата предлага измени на Законот за хартии од вредност според кои задолжителната котација наместо до април следната година, ќе трае до 30 април 2027 година.