text size
Во последниве години, Македонската берза, слично како и другите регионални пазари на капитал (Загребската берза губи компании и покрај првичните јавни понуди, милијарди евра исчезнуваат од пазарот | Bloomberg Adria), се соочува со намалување на бројот на котирани компании. За разлика од поразвиените пазари, каде што често се случуваат исклучувања од берзата поради одлуки на сопствениците да се повлечат поради високи трошоци или ниска ликвидност, на македонскиот пазар преовладува малку поинаков модел: голем број компании исчезнуваат од берзата поради стечај.