text size
Кои се златните акции на македонската берза? Во услови на политички кризи дома, глобални економски турбуленции, стагфлација, вложувањето во акции се смета за најмалку ризично. Домашниот пазар не доживува некоја ренесанса во последните години, ама нема ни значајни турбуленции. Македонскиот берзански индекс МБИ10 ги имаше своите најдобри времиња назад во 2007 година кога и вредноста на акциите кои го сочинуваат беше повисока. Моментно вредноста на МБИ10 е над 5.700 индексни поени, што е за 8,4 проценти повеќе на годишна основа. Најдобар перформанс на берзата секако имаат повеќе или помалку акциите кои го сочинуваат но Bloomberg Adria прави посебна анализа за топ 10 златни акции на берзата во текот на минатата година и до јуни годинава.