text size
Трговците може да очекуваат скок на цената на нафтата на почетокот на тргувањето во понеделник пред да се стаблизираат цените. Се очекува растот на цената на нафтата да биде пригушен по коментарот на Иран дека одмаздата за нападот на амбасадата во Сирија е успешна и дека нема намера за нови операции. Сепак, многу работи ќе зависат од реакцијата на Израел којшто може да одговори на иранскиот напад и покрај тоа што САД, неофицијално, не поддржуваат понатамошна ескалација.