text size
Осигурителниот пазар во Македонија пораснал за 12,6 проценти во третиот квартал годинава, покажуваат податоците од Националното биро за осигурување. Бруто полисираната премија (БПП) на крајот од септември имала вредност од 12,2 милијарди денари (198,4 милиони евра) во однос на 10,8 милијарди денари (176 милиони евра) пред една година.