Македонска берза стана дел од најновата иницијатива на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и седум берзи од регионот на Централна и Југоисточна Европа, преку прифаќање на веќе потпишаниот меморандум за разбирање минатиот месец, помеѓу оваа банка и берзите од Братислава, Будимпешта, Букурешт, Љубљана, Варшава, Загреб и од Софија.
„Со приклучувањето на меморандумот, Македонска берза станува осма членка во оваа иницијатива и е единствена берза од држава што не е ЕУ членка“, соопшти берзата.
Меморандумот за разбирање има за цел да ја поттикне регионалната берзанска соработка во идентификувањето и спроведувањето на суштински проекти во функција на развој на регионалните пазари на капитал и подобрување на економиите во целина, при што секоја берза ќе делува како рамноправен партнер. Клучните области на коишто ќе се фокусира соработката вклучуваат проширување на примарните пазари, подобрување на институционалната рамка за долгорочно штедење на домаќинствата, охрабрување на учеството на индивидуалните инвеститори, промовирање на развојот на нови технологии, зголемување на ефикасноста на регионалната инфраструктура на пазарот на капитал и споделување на најдобрите практики.
Прочитај повеќе
Ранг листа: Невиден раст кај одредени акции на Македонската берза
Веќе се покажува дека 2025 година ќе ја дочекаме со повеќе рекорди во однос на растот на вредноста на акциите.
12.12.2024
Кои македонски компании заработија милиони, а кои посакуваат подобри времиња?
Како и во изминатите години, во Македонија најголем кајмак собираат најголемите играчи во банкарскиот сектор.
28.11.2024
Од што се плашат најголемите компании од Македонската берза?
Можни се нови влијанија од војните во Украина и на Блискиот Исток, како и од политичката криза во Германија.
14.11.2024
„Функционалните пазари на капитал се клучни за реалната економија, особено за малите и за средните претпријатија, обезбедувајќи средства за брзорастечките и иновативни компании и овозможувајќи им на домаќинствата да бидат дел во економскиот успех на корпоративниот сектор. Берзите во поширокиот регион имаат витална улога во развојот на локалниот екосистем на пазарите на капитал“, наведуваат од берзата.
Оттаму додаваат дека Македонска берза има долгогодишна определба за иницирање и вклучување во разни форми на берзански соработки и интеграции.
„Поканата да биде дел од оваа најнова иницијатива на ЕБОР и нејзиното вклучување во истата е дополнителен чекор во остварување на оваа стратешка цел“, велат од берзата.