Минатата недела на глобалните берзи помина без претерани флуктуации. Американскиот индекс S&P 500 ја заврши (празнично скратената) недела со раст од 0,52 проценти, технолошкиот индекс Nasdaq со загуба од 0,44 проценти, а индустрискиот Dow Jones со загуба од 0,89 проценти.
Седмицата најдобро се одвиваше за лондонскиот индекс FTSE 100 (раст од 4,58 проценти) и паневропскиот индекс Eurostoxx 600, кој минатата недела забележа раст од 3,69 проценти. Останатите европски индекси ја завршија неделата со следните бројки: Eurostoxx 50 (раст од 1,94 проценти), германскиот DAX раст од 2,01 проценти, а за францускиот CAC 40 раст од 1,31 проценти.
Bloomberg Adria
Иако политичките одлуки на светско ниво остануваат важен извор на флуктуации, регионалните пазари – иако сè уште ограничени со ликвидност и број на учесници – покажуваат потенцијал за трансформација и раст во наредните години. Водечките претставници на регионалните берзи за телевизијата „Блумберг Адрија“ зборуваа за особеностите на локалните пазари, новите инвестиции и развојните планови за 2025 година.
Видеата погледнете ги на овој линк
ЕЦБ во четвртокот ги намали каматните стапки
Европската централна банка (ЕЦБ) во четвртокот објави дека веќе седми пат ги намалува каматните стапки за 25 базични поени. Одлуката на банката со седиште во Франкфурт доаѓа по силното заострување на глобалното трговско опкружување. Депозитната каматна стапка беше намалена од 2,5 проценти на 2,25 проценти, што аналитичарите речиси едногласно го предвидуваа пред одлуката.
Високите американски царини ги задушија гласините дека седницата на ЕЦБ може да донесе пауза во кампањата за олеснување на монетарната политика, која започна минатиот јуни. Се очекува дека мерките повеќе ќе ја забават економската експанзија отколку што ќе ја поттикнат инфлацијата, па банката ги намали трошоците за задолжување. Инвеститорите до крајот на годината очекуваат уште најмалку две намалувања, бидејќи посилното евро помага да се контролираат ценовните притисоци, а се зголемува опасноста дека евтината кинеска стока ќе се пренасочи кон Европа.
Претседателот на Фед ја разбранува водата
Изгледаше дека Волстрит барем делумно се опорави од екстремната флуктуација на почетокот на април. Тоа важеше до среда, кога претседателот на американската централна банка - Фед, Џером Пауел, барем на еден ден ги потопи американските берзи.

Пауел во говорот во Економскиот клуб во Чикаго предупреди дека сегашните трговски тензии може да ја поттикнат инфлацијата и нагласи дека Фед не брза со намалување на каматните стапки. Тој исто така рече дека Фед ќе продолжи да се бори против инфлацијата, дури и ако тоа значи дека ризичните средства ќе страдаат.
Тоа беше порака што инвеститорите не ја очекуваа, пишува „Блумберг“, бидејќи инвеститорите очекуваа дека претседателот на Фед ќе покаже подготвеност за интервенција ако економијата почне да покажува знаци на слабост.
Минатата недела златото достигна нов рекорд. Цената на благородниот метал од среда до четврток достигна нова рекордна вредност од 3.356 долари за унца. Во времето на пишување на текстот, цената се движеше околу 3.326 долари за унца.
По трговската добивме и валутна војна
Покрај ескалацијата на трговската војна, која оваа година ја започна американскиот претседател, започна и валутна војна. Досегашниот губитник од артилериските удари на царините е американскиот долар, која во споредба со другите поголеми валути во светот изгуби значителна вредност.
Аналитичарите на „Блумберг Адрија“ пред една недела рекоа дека „американскиот долар моментално не е популарна валута“. Сепак, тие очекуваат дека девизниот курс меѓу еврото и доларот оваа година ќе варира околу нивото од 1,06, со зголемена флуктуација околу оваа прогноза.
EURUSD:CUR
EUR-USD X-RATE
1,1393 USD
+0,0028 +0,25%
почетна цена
0
претходна цена на затворање
1,1365
промена од почетокот на годината
10,0348%
дневен опсег
0,00 - 0,00
опсег на 52 недели
1,01 - 1,15
„Довербата во доларот е загрозена“, изјави за „Блумберг“, Кристофер Вонг, девизен стратег во ОЦБАЦ (Oversea-Chinese Banking Corporation). Тој додаде дека поради фактори како што се намалувањето на репутацијата на САД и зголемувањето на долгот на САД, се зголемува сомнежот за статусот на доларот како резервна валута.
Година од 'преполовувањето': Дали биткоинот ги исполни очекувањата?
Во саботата, 19 април, наврши една година од последното преполовување на биткоинот (англ. halving). Станува збор за однапред одреден настан кога за половина се намалува количината на новонастанати биткоини. Преполовувањето обично го следат големи очекувања за раст на цената, бидејќи го означува почетокот на нов четиригодишен циклус. Овие циклуси досега секогаш биле обележани со нови рекордни цени на биткоинот.
Дали биткоинот во изминатата година ги исполни очекувањата? „Минатата година веројатно беше најуспешната во историјата на биткоинот“, одговара Страхиња Савиќ, шеф на одделот за податоци и аналитика во платформата за криптовалути ФРНТ (FRNT), која е фокусирана на институционални клиенти.
XBTEUR:CUR
XBT-EUR Cross Rate
74.158,92 EUR
-749,06 -1,00%
почетна цена
0
претходна цена на затворање
74.907,98
промена од почетокот на годината
-18,0683%
дневен опсег
0,00 - 0,00
опсег на 52 недели
45.206,24 - 105.695,86
Најголемата и најстарата криптовалута биткоин во времето на пишување на текстот се движеше околу 84.550 долари за монета. Годинава ја започна со вредност од 93.462 долари.
Стратегијата на Бафет за заработка во време на трговски војни
„Пророкот од Омаха“, кој ова лето ќе наполни 95 години, повторно го оправда својот углед како најуспешен берзански инвеститор. Според проценката на Индексот на милијардери на „Блумберг“, вредноста на неговото богатство е проценета на 12,7 милијарди долари. Ворен Бафет минатата година ги предвиде пазарните нарушувања, пред Доналд Трамп да се врати во Белата куќа и да започне трговска војна.
Bloomberg
Неговата стратегија беше јасна – холдингот „Беркшир Хатавеј“ уште минатата година започна да продава удели од големи американски компании и банки, вклучувајќи ги „Епл“ и Банка на Америка.
„Во 2024 година продадоа акции во вредност од 134 милијарди долари и во 2025 година влегоа со најголемата готовинска резерва досега – дури 334 милијарди долари, речиси двојно повеќе од претходната година. Тоа исто така ја надминува вредноста на нивното намалено портфолио на акции, проценето на 272 милијарди долари“.