На крајот од тргувањето на американските берзи, кое се одвиваше доста нестабилно и осцилантно меѓу зоните на добивка и загуба, сепак акциите завршија во зелената зона.
Индексот „S&P 500“ порасна за 0,34 отсто, индексот „DJIA“ оствари раст од 0,1 отсто, а индексот „Nasdaq 100“ забележа раст од 0,74 проценти.
По масовната распродажба претходниот ден, сега акциите се стабилизирани. Тие во вторникот го запишаа најлошиот ден во последните две години бидејќи инвеститорите многу чувствително реагираа на податоците од клучниот извештај за инфлацијата во САД, која за август изнесува 8,3 проценти. Тоа е повеќе отколку очекувањата, според кои инфлацијата на годишно ниво требаше да изнесува 8,1 отсто. Таквите податоци го загрозија оптимизмот на инвеститорите на глобалниот пазар дека американските Федерални резерви (ФЕД) можеби ќе се откажат од агресивната монетарна политика на зголемување на каматните стапки.
Прочитај повеќе
Германија заработи 760 милиони евра од продажба на уделот во Луфтханза
Државата претходно купи скоро 10 отсто од акциите на Луфтханза за да ја спаси во време на криза
14.09.2022
Инфлацијата предизвика најлош берзански ден во последните две години
Индексот „Dow Jones“ падна за 4 проценти, „S&P 500“ за 4,3 отсто, а „Nasdaq“ за дури 5,2 проценти
14.09.2022
Продадени големи блокови акции од ‚Комерцијална банка‘ и ‚Тетекс‘
Се продадоа 1.300 акции од „Комерцијална банка“ и 4.000 акции од „Тетекс“
12.09.2022
Од почетокот на годината ФЕД ги покачија каматните стапки за 225 базни бодови, па сега референтната каматна стапка изнесува 2,5 отсто.
На два пати до сега цената на задолжувањето беше зголемена за по 75 базни бодови, а поголемиот дел од аналитичарите на Бломберг предвидуваат дека ќе се случи уште едно толкаво зголемување на следниот закажан состанок на банкарите, на 20 и 21 септември.