Биткоинот падна под 60.000 долари за првпат од октомври 2024 година, продолжувајќи го пресвртот од миленик на пазарите по реизборот на американскиот претседател Доналд Трамп во жртва на брзо променливата шпекулативна средина.
Најголемата криптовалута во петокот за време на тргувањето во Њујорк потона за дури 6 отсто, на 59.770 долари. Биткоинот изгуби повеќе од половина од вредноста откако достигна рекорд над 126.000 долари во октомври минатата година и сега вреди помалку отколку во моментот кога Трамп повторно влезе во Белата куќа со про-крипто агенда.
Најновиот пад беше поттикнат од комбинација на повлекување средства од ЕТФ-фондови поврзани со биткоинот, обновени геополитички тензии и растечки сомнежи околу одржливоста на еден од најважните извори на побарувачка на пазарот. „Стратеџи“ (Strategy Inc.), софтверската компанија што се трансформираше во „мотор“ за акумулација на биткоини и која е кооснована од Мајкл Сејлор, стана центар на загриженоста околу одржливоста на моделот на корпоративни резерви во дигитални средства, кој помогна во последниот голем раст на пазарот.
Прочитај повеќе
Пад на биткоинот откако „Стратеџи“ продаде само 32 монети
Најголемата криптовалута падна за дури 3,1 проценти на 65.391 долари.
03.06.2026
Биткоинот со најниска вредност во последните шест недели
Биткоинот доживеа силен пад, а паниката на светските пазари расте поради тензиите меѓу САД и Иран.
28.05.2026
Нестабилноста на биткоинот достигна најниско ниво за девет месеци
Bitcoin Volmex Implied Volatility Index падна на 36,11 во понеделникот во Сингапур, што е најниско од септември минатата година.
26.05.2026
Биткоинот станува сè позависен од Мајкл Сејлор
Додека традиционалните извори на побарувачка на криптопазарот тивко пресушуваат, судбината на биткоинот сè повеќе лежи во рацете на еден неверојатно агресивен финансиски механизам.
21.05.2026
Иран воведе осигурување за пловидба низ Ормускиот Теснец, ќе се плаќа со биткоини
Техеран воведе биткоин-осигурување за бродови во Ормускиот Теснец, обидувајќи се да ги заобиколи американските санкции и доларот.
18.05.2026
Сејлор: „Стратеџи“ размислува за продажба на биткоини
„Го откупувате биткоинот со кредит, дозволувате вредноста да расте, а потоа го продавате биткоинот за да исплатите дивиденда“, рече тој.
06.05.2026
Пошироката слика исто така станува понеповолна. Во најголемиот дел од изминатата деценија криптовалутите имаа привилегирана позиција во економијата на ризични инвестиции. Денес капиталот што речиси автоматски се слеваше во крипто-средства се распределува меѓу поширок спектар шпекулативни инвестиции, додека вештачката интелигенција станува новата технолошка ѕвезда што го привлекува вниманието.
„Долго време криптовалутите беа жешка инвестиција со која беа опседнати Силициумската долина и институционалните инвеститори, но вештачката интелигенција ја презеде таа улога“, изјави Мајкл Антонели, пазарен стратег во „Берд“ (Baird). „Толку е едноставно. Вештачката интелигенција ја замени како најатрактивен инвестициски тренд.“
И другите криптовалути забележаа остар пад заедно со биткоинот. Етерот потона за дури 12,8 отсто во петокот и го достигна најниското ниво од април 2025 година, додека ИксРП, Солана и Догекоин изгубија повеќе од 5 отсто.