text size
Последниот пад на дигиталните средства беше непријатен за оние инвеститори кои купуваа кога минатата година цените беа до плафон. Дури и крипто фанатиците, кои сè уште се убедени дека светот е на работ на револуција во финансиите предводена од блокчејнот, се потресени од тековните состојби на пазарот. За оние кои сè уште не губат надеж, крипто зимата ќе биде како „дот-ком“ аферата од раните 2000-ти, со отстранување на неуспешните потфати за да се направи простор за ветувачки стартапи. Други, пак, се прашуваат дали некогаш ќе дојде пролет.