text size
Германската влада неодамна ја заврши продажбата на сите преостанати залихи на биткоин, што доведе до видливо влијание на пазарот на криптовалути. Според „Аркам интелеџенс“ (Arkham Intelligence), германската влада викендов го продаде последниот од своите биткоини, во кој беа вклучени 3.846 биткоини испратени на адресите „Флоу трејдрс“ (Flow Traders) и „139Po“. „Аркам“ ја опиша оваа трансакција како институционален депозит или услуга преку шалтер (over the counter-OTC). Услугата преку шалтер овозможува големи трансакции надвор од традиционалните берзи, со што се намалува влијанието врз пазарната цена.