text size
Кина ќе ги заостри регулативите за виртуелните валути, како последен потег за одбрана од ризиците во финансискиот сектор. Вен Синџијанг, функционер на Националната банка на Кина изјави дека регулирањето на финансискиот сектор станува сложено и тешко, бидејќи методите и алатките на измамниците за трансфер на средства постојано се иновираат.