text size
Народната банка во континуитет ги зголемува каматните стапки, за да ја заузди инфлацијата, а потребно е време за тој раст на каматите да се прелее кај деловните банки. Бојан Цветановски, претседател на здружението за финансиски пазари „АЦИ Македонија“, во разговор за Блумберг Адрија ТВ вели дека повидлив раст на каматите кај деловните банки очекува во првата половина од следната година.