text size
Постои голем интерес кај македонските граѓани за учество на првата аукција на граѓански обврзници, која ќе се одржи в четврток (13.7.2023 година), потврдија за „Блумберг Адрија“ од неколку банки. Кај некои од нив заклучно со минатата недела веќе биле поднесени барања за вложување во обврзниците во противвредност поголема од милион евра.