text size
Каматната стапка за аукцијата на благајнички записи, која е закажана за денеска, изнесува 6,15 отсто. Тоа значи дека на последната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика, која се одржа во вторникот, уште еднаш е донесена одлука за затегнување на монетарната политика и за зголемување на основната камата.