text size
Нафтата е на пат да оствари трета по ред неделна добивка откако Организацијата на земји извознички на нафта и нивните сојузници (ОПЕК+) го изненади пазарот со намалување на производството за еден милион барели на дневно ниво, а дополнителна причина за ценовен раст е и падот на резервите во САД. Иако денеска тргувањето започна со пад на цените, сепак на неделно ниво тие забележуваат раст од околу пет проценти.