text size
Кина соопшти дека претседателот Шји Џјинпинг ќе отпатува во САД за да се сретне со Доналд Трамп, во посета што се случува во момент кога едногодишното трговско примирје се приближува кон својот крај.
Шји ќе престојува во државна посета од 23 до 25 септември по покана од американскиот претседател, соопшти портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џијакун. Кинескиот лидер ќе има „длабинска размена на ставови“ со Трамп „за главните прашања поврзани со билатералните односи и светскиот мир и развој“, додека двете земји настојуваат заеднички да „управуваат со разликите на соодветен начин“, рече Гуо на редовниот брифинг во Пекинг во понеделникот.
„Размената на посети на двајцата претседатели во период од половина година ќе претставува пресвртница од историско значење“, рече тој. Трамп и Шји последен пат се сретнаа во мај.
Прочитај повеќе
САД и Кина ги поздравија конструктивните разговори пред самитот Трамп-Шји
Американскиот министер за финансии Скот Бесент ги пофали „многу успешните“ разговори со своите кинески колеги за вештачката интелигенција, трговијата и инвестициите
пред 3 часа
САД и Кина на преговарачка маса во Њујорк - ВИ, Иран и трговијата на дневен ред
Преговарачите ќе го подготват теренот за средбата на претседателот Доналд Трамп и кинескиот претседател Шји Џјинпинг на 24 септември во Вашингтон.
20.09.2026
Трамп е свесен за заканите од ВИ, но засега му е поважно да биде пред Кина
Додека експертите и самите лидери на технолошките компании предупредуваат на сè поголеми ризици, Трамп не покажува голема загриженост.
13.09.2026
Посетата ќе биде прва посета на Шји на САД од 2023 година, кога тој се сретна со поранешниот американски претседател Џо Бајден за време на посетата што вклучуваше и присуство на самитот на АПЕК во Сан Франциско. Изгледите за продолжување на примирјето во трговската војна, договорено минатата година во Јужна Кореја, се зацврстуваат додека двете страни разговараат за намалување на царините за стоки, вклучувајќи и американски енергетски и земјоделски производи.
Во пресрет на овонеделниот самит меѓу двајцата претседатели, американски и кинески претставници во неделата одржаа трговски разговори во Њујорк. Американскиот министер за финансии Скот Бесент го оцени состанокот како „многу успешен“ и рече дека двете страни се согласиле да воспостават дијалог за вештачката интелигенција, со цел да се постигне заедничко разбирање за целите и заканите што ги носи технологијата.
Трамп рече дека ќе приреди државна вечера за Шји, на која се очекува да присуствуваат извршниот претседател на „Епл“ (Apple Inc.), Тим Кук, и главниот извршен директор на „Опен еј-ај“ (OpenAI), Сем Алтман.
Војната во Иран, тековите на ретките минерали и конкуренцијата во областа на вештачката интелигенција се други прашања за кои се очекува да се разговара. Кина е најголемиот купувач на иранска нафта, а Шји очигледно не брза да му помогне на Трамп во неговите напори економски да ја ослаби земјата од Блискиот Исток.
„Блумберг њуз“ претходно објави дека САД и Кина разговараат за намалување на царините за одредени стоки. Овонеделните состаноци исто така веројатно ќе резултираат со договор за намалување на царините за кинеските инпути за производителите, според лица запознаени со прашањето.
Пекинг исто така веројатно ќе ги потсети САД дека статусот на Тајван е едно од неговите малобројни прашања што претставуваат црвена линија. САД се најголемиот воен и политички поддржувач на островската демократија, која Кина ја смета за своја територија.