Демонстранти се собраа вчера пред салоните за автомобили на компанијата „Тесла“ во неколку американски и европски градови, протестирајќи против отпуштањата од работа што ги спроведува американскиот Оддел за владина ефикасност, предводен од Илон Маск.
Најголем дел од неговото вкупно богатство, проценето на 340 милијарди долари, е во акциите на „Тесла“, со кои тој продолжува да управува додека соработува и со претседателот Доналд Трамп, пренесуваат агенциите.
Во обид да ја загрозат продажбата на компанијата „Тесла“, демонстрантите прво се собраа пред продажни салони на компанијата во Њу Џерси, Масачусетс, Конектикат, Њујорк, Мериленд, Минесота и Тексас.
Прочитај повеќе

„Мета“ крати работни места и бара таленти за вештачка интелигенција
Вработените во „Мета“ што се отпуштени биле известени преку електронска пошта, а компанијата им нуди на вработените во САД пакети за испратнина.
12.02.2025

„Нисан“ ќе престане да произведува комбиња и ќе крати работни места
„Нисан“ во ноември ќе престане да го произведува своето компактно комбе за да го намали вишокот производство.
21.01.2025

„Нокиа“ укинува речиси 2.000 работни места во Кина
Компанијата ги намалува трошоците затоа што се бори со слабиот пазар на телекомуникациска опрема.
17.10.2024

„Ербас“ ќе укине 2.500 работни позиции
Ќе се отпуштаат работници главно во одбранбениот и вселенскиот сектор, во кој влегуваат и борбени авиони и сајбер-безбедност.
16.10.2024

„Фолксваген“ укинува 30-годишна спогодба за забрана за отпуштања
„Фолксваген“ го раскинува договорот за заштита на работните места на работниците од автомобилската индустрија.
11.09.2024

„Епл“ ги менува приоритетите и отпушта во секторот на дигитални услуги
Услугите генерално беа двигател на растот за „Епл“ во последниве години
28.08.2024
Протести беа организирани и во други поголеми градови како Вашингтон, Чикаго, Синсинати и Сиетл, како и пред продажниот салон на „Тесла“ во Лондон.