Се очекува дури 200.000 луѓе да присуствуваат денеска на погребот на папата Франциск на плоштадот „Свети Петар“.
Додека достоинствениците може да присуствуваат, затворениците и мигрантите ќе го следат кон базиликата каде што ќе биде погребан, што ги одразува неговите приоритети како папа.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон, шефот на ОН и лидерите на Европската унија му се придружуваат на принцот Вилијам, а ќе присуствува и шпанското кралско семејство.
Прочитај повеќе

Папата Франциск наметна пример за денешните бесрамни политичари
Франциск беше познат како политички папа, но може слободно и со сигурност да се каже дека неговите приоритети не беа исти како тие на многу политичари.
пред 8 часа

Оскаровецот „Конклава“ опишува како изгледа изборот на нов папа
По смртта на папата, сите очи во светот се вперени кон Ватикан, каде што зад затворените врати на Сикстинската капела ќе се одржи изборот за нов поглавар на Католичката црква.
22.04.2025

Божји банкари: Дали папата Франциск го спречи финансискиот разврат во црквата?
Се до понтификатот на Франциск управувањето со имотот на црквата беше извор на бројни финансиски скандали поврзани со перење пари и корупција.
23.04.2025

Едноставниот погреб на папата Франциск се претвори во можност за средба со Трамп
Погребот на папата Франциск беше замислен како поедноставен настан за да се оддаде почит на едноставноста на човекот.
пред 6 часа
Папата Франциск ја прекинува доскорешната традиција и ќе биде погребан во базиликата „Света Марија Велика“ (Санта Марија Маџоре - Santa Maria Maggiore), каде што го чека едноставна подземна гробница само со неговото име: Франциск.
Погребот е закажан со почеток во 10 часот по локално време.
Папата за последен пат ќе се вози покрај верниците на еден од неговите омилени папамобили.
Ватикан вели дека за погребната поворка неговиот ковчег ќе биде поставен на задната страна од папамобил што се користеше за време на неговото патување на Филипините во 2015 година.
Возилото е модифицирано така што ковчегот ќе биде видлив за ожалостените по речиси четирикилометарската рута од базиликата „Свети Петар“ до неговото место на погреб.
Папата уживаше во возењето низ толпи верници, без разлика дали на плоштадот „Свети Петар“ или на некое од неговите многубројни странски патувања.
Неговиот последен пат беше на Велигден, кога се шеташе по плоштадот „Свети Петар“ на задоволство на верниците кои будно го следеа неговото петнеделно хоспитализирање и здравствената состојба поради пневмонија и неговото закрепнување во Ватикан.