Папата Франциск е погребан денеска во базиликата Санта Марија Маџоре (Santa Maria Maggire) во Рим, а приватната церемонија траеше околу половина час, соопшти Ватикан.

„Погребниот обред се одржа според прописите на Ordo Exsequiarum Romani Pontificis, а го водеше кардиналот коморник во присуство на лицата наведени во соодветното известување од Канцеларијата за литургиски прослави, како и членови на семејството на починатиот Папа. Церемонијата заврши во 13:30 часот по средноевропско време“, се вели во соопштението на Ватикан.
Прочитај повеќе

Едноставниот погреб на папата Франциск се претвори во можност за средба со Трамп
Погребот на папата Франциск беше замислен како поедноставен настан за да се оддаде почит на едноставноста на човекот.
пред 12 часа

Се очекуваат над 200.000 присутни на погребот на папата Франциск
Додека достоинствениците може да присуствуваат, затворениците и мигрантите ќе го следат кон базиликата каде што ќе биде погребан, што ги одразува неговите приоритети како папа.
пред 14 часа

Папата Франциск наметна пример за денешните бесрамни политичари
Франциск беше познат како политички папа, но може слободно и со сигурност да се каже дека неговите приоритети не беа исти како тие на многу политичари.
пред 15 часа

Оскаровецот „Конклава“ опишува како изгледа изборот на нов папа
По смртта на папата, сите очи во светот се вперени кон Ватикан, каде што зад затворените врати на Сикстинската капела ќе се одржи изборот за нов поглавар на Католичката црква.
22.04.2025

Пред таа базилика, која се наоѓа на околу шест километри од Ватикан, телото на Папата го пречекаа 40 припадници на маргинализирани групи, за кои тој особено се залагаше за време на службата, вклучувајќи мигранти, бездомници, затвореници и трансродови лица.
На погребот во базиликата Санта Марија Маџоре присуствуваа само најблиските, а едноставниот, дрвен ковчег на Папата беше пречекан со ѕвона.
Bloomberg Mercury
По погребот на папата Франциск, следуваат девет дена жалост, а потоа 135-те кардинали, членови на конклавата, ќе треба да изберат нов папа.
Поглаварот на Римокатоличката црква почина на 88-годишна возраст на 21 април.
Верниците уште од утре ќе можат да го посетат неговиот гроб во базиликата Санта Марија Маџоре, објави Ватикан.