Клиентите на Банката на Америка (Bank of America) повлекоа средства од американските акции со најбрзо темпо во последните десет недели, намалувајќи ја својата изложеност додека индексот S&P 500 го заврши јуни на рекордно ниво, бележејќи го најдобриот квартал од 2023 година.
Сите главни групи на клиенти - институции, малопродажни трговци и хеџ фондови - заеднички повлекоа 1,3 милијарда долари од американските акции минатата недела, напишаа квантитативните стратези на банката.
Од ф’стаци до висока технологија: Што тргува регионот Адрија со Израел и Иран?
Македонија и другите земји од регионот Адрија веќе почувствуваа индиректни последици од разгорувањето на Блискиот Исток, предизвикано од воените напади меѓу Израел и Иран. Цените на нафтата на светскиот пазар веднаш пораснаа и имаа висока нестабилност, што резултира со зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија и во повеќе други земји. Иако во моментов цените на нафтата се стаблизираа поради договореното примирје, јасно е дека тоа е кревко и дека постои можност за нови воени дејства на Блискиот Исток, што секако повторно може да има негативни последици врз светската и регионалната економија.
Анализираме какви би биле можните директни последици односно какви трговски односи имаат земјите од регионот со Израел и Иран и колку би можеле да загубат со евентуално нарушување на извозот на овие пазари.
„Пепси“ или „Кока-Кола“: За вкусовите не се дискутира, но за дивидендата?
„Кока-Кола“ или „Пепси“? За повеќето потрошувачи, тоа е прашање на вкус. Но за инвеститорите, тоа е исто така прашање на стабилност, принос и долгорочна доверба. Овие две компании не се само глобални брендови туку и едни од најпознатите американски дивидендни аристократи. „Кока-Кола“ е исто така омилен избор на легендарниот инвеститор Ворен Бафет, кој преку „Беркшир Хатавеј“ ги држи акциите на „Кока-Кола“ со децении, а во моментов има околу 10 проценти од своето портфолио во неа.
„Реплек“ инвестираше во нов технолошки производствен блок
„Реплек“ вчера свечено го промовираше својот нов фармацевтски производствен блок, со што значајно се модернизира и автоматизира производствениот процес, информираа од компанијата. Со оваа нова инвестиција „Реплек“ го зголемува производствениот капацитет за примарно и секундарно пакување на цврсти фармацевтски форми за 25 проценти. Од компанијата велат дека на овој начин истовремено се воведува и врвна фармацевтска технологија, која овозможува зголемување на оперативната ефикасност и натамошно усогласување со највисоките стандарди за квалитет и безбедност.
Како „Виза“ и „Мастеркард“ се борат со криптореволуцијата
Во светот на дигиталните плаќања се води борба за територија - и традиционалните играчи се најдоа во дефанзива.
Технолошките компании и криптостартапите навлегуваат на територија во која долго време доминираа „Виза“ и „Мастеркард“, потпомогнати од нов вид валута - стабилни коини - и понуда што трговците тешко ја игнорираат: пониски провизии, побрзо порамнување и можност целосно да се заобиколат двете големи компании.
Климатската цел за 2040 година им создава главоболка на европските лидери
Топлотниот бран што ја пустоши Европа ги зајакна аргументите за една од најамбициозните климатски цели што некогаш ги предложил Брисел. Но многу членки на ЕУ остануваат неубедени.
Европската комисија, извршната власт на блокот, в среда ќе предложи обврзувачко законодавство за намалување на емисиите на стакленички гасови за 90 проценти до 2040 година, како дел од пошироката цел ЕУ да стане климатски неутрална до средината на векот. Овој потег покажува дека блокот сè уште е решен да се бори против глобалното затоплување, но исто така е принуден да понуди разни „паузи“ за да им помогне на земјите членки да ја исполнат амбициозната цел.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...