„Реплек“ денес свечено го промовираше својот нов фармацевтски производствен блок, со што значајно се модернизира и автоматизира производствениот процес, информираа од компанијата. Со оваа нова инвестиција, „Реплек“ го зголемува производствениот капацитет за примарно и секундарно пакување на цврсти фармацевтски форми за 25 проценти. Од компанијата велат дека на овој начин истовремено се воведува и врвна фармацевтска технологија која овозможува зголемување на оперативната ефикасност и натамошно усогласување со највисоките стандарди за квалитет и безбедност. Во рамки на новиот производствен блок е инсталирана најсовремена технолошка линија во која се вградени напредни системи и вештачка интелигенција за контрола на квалитетот во реално време.
Вредноста на оваа инвестиција изнесува над два милиони евра, а до крајот на годината планирани се вложувања во развојни проекти во висина од 10 милиони евра. Овие инвестиции се дел од долгорочната стратегија на „Реплек“ за севкупна модернизација на производствените процеси кои треба да овозможат одржлив раст и дополнително зголемување на извозната конкурентност на компанијата.
Душан Пецовски
„Во годината во која одбележуваме 80 години постоење, од особено значење за нас е да зборуваме за инвестициите, плановите и растот кои се темелат на нашата визија и посветеност за долгорочна одржливост. Овој значаен јубилеј за нас претставува и одговорност – да носиме мудри одлуки, да вложуваме во натамошен развој на компанијата во интерес на вработените и нивниот просперитет, како и во интерес на економијата и заедницата. Водени од визијата за добросостојба, вложуваме во врвен квалитет, иновации и зголемување на производствениот капацитет. Преку развој и инвестиции дополнително ќе ги подигнеме потенцијалите на компанијата и ќе ја потврдиме високата конкурентност на светскиот пазар“, истакна Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек“ АД Скопје.
Прочитај повеќе

Растат приходите на „Реплек“ од продажбата дома и во странство
Од „Реплек“ информираа дека лани консолидираните приходи од продажба во сегментот фармација изнесуваат 1,9 милијарди денари (31,2 милиони евра) и бележат раст за 24 проценти во однос на 2023 година.
28.02.2025

„Реплек АД“: Рекорден раст на приходите во фармацевтскиот сегмент лани
„Реплек“ лани оствари приходи од продажба од 31,2 милиони евра, што е раст од 24 отсто
10.01.2025

„Реплек“ обезбеди 13 милиони евра за инвестиции
Компанијата ја продолжува својата инвестициска стратегија насочена кон дигитализација, автоматизација и подобрување на работните услови за вработените.
22.01.2025

„Реплек“ наместо „УНИ Банка“ во МБИ10
Македонската берза го ревидираше главниот индекс.
18.12.2024
Новата инвестиција ја поздрави и претседателот на Владата Христијан Мицкоски, истакнувајќи ја како пример за успешна трансформација и модернизација во домашната индустрија.
Христијан Мицкоски
„Инвестициите во развој во домашните компании се директна потврда за нашите напори за подобрување на бизнис климата во земјата. Сите наши политики се насочени во насока на креирање услови за поголем економски раст кој ќе донесе просперитет. Владата е во отворен дијалог со приватниот сектор и градиме заедничка платформа која има една цел - создавање на поволни услови за водење бизнис. Оваа инвестиција во модерна опрема, која не само што е технолошки напредна, туку и ќе го зголеми капацитетот на производството, е директна потврда за потенцијалите за водење бизнис во земјава. Ние посветено продолжуваме да работиме на дополнително олеснување на условите за водење на бизнис. Го честитам јубилејот на компанијата и посакувам многу успех и во следниот период“, рече премиерот Мицкоски.
Инаку, новата производствена технолошка линија се состои од пет интегрирани единици, поставени во единствен тек со вкупна должина од 16 метри, со што се обезбедува максимална автоматизација, контрола и следливост. Линијата е проектирана согласно највисоките стандарди во фармацевтската индустрија и се состои од целосно автоматизирана единица од реномираната италијанска компанија „Марчесини Груп“ (Marchesini Group), која овозможува брзо и прецизно блистирање, картонирање и серијализација – до 220 блистери во минута. Во новиот производствен блок е позиционирана нова машина за суво мешање (IMA Cyclops), со двојно зголемен капацитет, нов магацин за полупроизводи, целосно нова перална и простории за чисти садови и целосна оптимизација на просториите за капсулирање.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...