Комисијата за берзански индекс при Македонската берза изврши редовна ревизија на индексите МБИ10 и ОМБ. Од берзата соопштија дека согласно методологијата за пресметување на индексот МБИ10, Комисијата за берзански индекс определи дека елементи на индексот МБИ10 ќе бидат обичните акции издадени од: „Комерцијална банка“ АД Скопје, „Гранит“ АД Скопје, „Алкалоид“ АД Скопје, „Макпетрол“ АД Скопје, „Македонијатурист“ АД Скопје, „Македонски Телеком“ АД Скопје, „НЛБ Банка“ АД Скопје, „Стопанска банка“ АД Скопје, „ТТК Банка“ АД Скопје и „Реплек“ АД Скопје. Со ревизијата, „Реплек“ е ново име меѓу компаниите кои се дел од МБИ10 и го зазеде местото на „УНИ Банка“.
Инаку, од берзата информираа и дека Комисијата за берзански индекс определи дека елементи на ОМБ ќе бидат обврзниците за денационализација-осумнаесетта емисија (RMDEN18), обврзниците за денационализација-деветнаесетта емисија (RMDEN19), обврзниците за денационализација-дваесетта емисија (RMDEN20), обврзниците за денационализација-дваесет и прва емисија (RMDEN21) и обврзниците за денационализација-дваесет и втора емисија (RMDEN22).
„Датум на имплементација на извршената ревизија, односно датумот од кој ќе отпочне да се пресметуваат индексите по новиот состав е 30.12.2024 година. Следната редовна ревизија на индексите е на 15.06.2025 година“, соопшти берзата.
Прочитај повеќе

ББА-анализа: МБИ10 ѕвезда во регионот Адрија
Позитивното расположение околу умерениот реален економски раст се пренесе во подобри резултати за компаниите.
21.10.2024

Кои акции од МБИ10 имаат најголем раст во 2024 година?
„Македонијатурист“ предводи со раст на просечната цена на акциите од 88,5 проценти.
16.10.2024

Македонскиот МБИ10 меѓу топ пет индекси во светот по остварениот раст
Со раст на вредноста од 40,12 проценти, МБИ10 го зазеде четвртото место меѓу вкупно 353 берзански индекси.
10.09.2024

Македонскиот МБИ10 меѓу топ пет индекси во регионот ЕМЕА по приносот
На првите три места на листата на „Блумберг“ доминираат берзанските индекси кои вклучуваат компании од Турција односно од истанбулската берза.
22.07.2024