Фармацевтската компанија „Реплек“ АД соопшти дека обезбедила финансиска рамка во износ од 13 милиони евра за спроведување на планираните инвестициски проекти во периодот 2025-2027 година.
„Во согласност со посветеноста на ‚Реплек‘ АД на раст, иновации и глобална експанзија, компанијата ја продолжува својата инвестициска стратегија насочена кон дигитализација, автоматизација и подобрување на работните услови за вработените. Оваа стратегија има за цел да го поддржи очекуваниот годишен раст од 25 проценти“, информираат од компанијата.
Оттаму додаваат дека преку овие инвестиции, компанијата ќе ги зајакне своите напори за проширување на портфолиото на производи, зголемување на пазарното учество и дополнително зацврстување на својата конкурентска позиција на пазарот.
Прочитај повеќе
„Реплек“ наместо „УНИ Банка“ во МБИ10
Македонската берза го ревидираше главниот индекс.
18.12.2024
„Реплек“ со раст на консолидираната добивка од 22 проценти
Приходите од продажба на домашниот пазар се зголемени за 55 проценти.
31.10.2024
„Реплек“: Раст на приходите од продажба за над 24 отсто годинава
Приходите од продажба се зголемени за 30,9 отсто во третиот квартал
04.10.2024
Поделбата на акциите на „Реплек“ поттик за малите инвеститори и за ликвидноста
Компаниите одлучуваат да ги поделат акциите во случај кога поединечната вредност на една акција достигнува висок износ.
10.05.2024
„Реплек“ го „освои“ Туркменистан, на ред е ЕУ
Приходите од продажба како дел од вкупните оперативни приходи изнесуваат 6,3 милиони евра и бележат раст од 26 проценти.
30.04.2024