text size
Фармацевтскиот пазар доби еден од најважните клинички резултати во последниве години. „Мерк“(Merck) и „Модерна“ (Moderna) објавија дека нивниот персонализиран лек за рак со mRNA (информациска рибонуклеинска киселина) „Интисмеран аутоген“ (intismeran autogene), успешно ја постигнал својата примарна цел во големо испитување од фаза 3. Во комбинација со лекот на „Мерк“, „Кејтруда“ (Keytruda), терапијата значително го продолжи времето без враќање на меланомот и го намали ризикот од ширење на болеста. Ова е прво големо испитување од фаза 3 што ја потврдува ефикасноста на пристапот со mRNA во лекувањето на ракот.