Од денеска до четврток (20 до 24 јули 2025 година) согласно прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одделни региони може да достигнат и до 41°C.
По тој повод, Министерството за здравство ја информира јавноста дека треба да се почитуваат општите препораки за заштита на населението од високи температури:
Препораки:
- Престојувајте во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.
- Внесувајте доволно течности, избегнувајќи алкохол и засладени пијалаци.
- Носете лесна, светла облека и користете заштита за глава и очи.
- Избегнувајте физичка активност во најтоплите часови од денот.
- Посветете внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени – овие групи се особено чувствителни на високи температури.
- Во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс – веднаш побарајте медицинска помош.
- Одложете активности на отворено во најтоплиот дел од денот.
- Обезбедете микроклиматски услови (разладени простории со температура до 25°C) на работното место и во домот.
Министерството внимателно ја следи состојбата на дневна основа и ќе постапува согласно процените и потребите, соопштија оттаму.
Прочитај повеќе

Топлотниот бран го затвори врвот на Ајфеловата кула - црвен метеоаларм во Европа
Топлотниот бран во Европа се очекува да го достигне својот врв во наредните денови, предизвикувајќи црвени метеоаларми од Франција до швајцарските Алпи.
01.07.2025

Ново лето, нов акциски план и стара неподготвеност за справување со пожари
Авионите за гасење пожари се на сервис, во ДЗС не работи ни електронската пошта.
20.06.2025

Екстремните температури предизвик за енергетскиот систем: Викендите најкритични
Во случај на екстремни временски услови, координирано ќе се преземаат мерки.
07.07.2025

Цените стабилни, мрежите под притисок: Регионот пред летен енергетски тест
Денеска еден мегават-час електрична енергија на берзата Хупекс се тргува по цена од 90 евра.
19.06.2025
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...