Екипаж од четири астронаути слета назад на Земјата откако ја напушти Меѓународната вселенска станица (МВС). Ова е првата медицинска евакуација на НАСА поради неоткриена болест на еден од членовите на екипажот.
Астронаутите се одвоија од станицата вчера околу 17:20 часот по њујоршко време во капсулата „Спејс екс драгон“ (SpaceX Dragon) и се спуштија покрај брегот на Калифорнија околу 3:41 часот утрово по локално време. Евакуацијата го скратува очекуваниот престој на екипажот на МВС за околу еден месец.
На прес-конференција на 8 јануари, главниот здравствен и медицински директор на НАСА, Џејмс Полк, рече дека астронаутот е „апсолутно стабилен“, но агенцијата одлучила да го врати тимот на Земјата порано од очекуваното за да спроведе поригорозен медицински преглед за членот на екипажот.
Прочитај повеќе
НАСА веројатно порано ќе заврши вселенска мисија поради итна медицинска состојба
НАСА размислува за рано завршување на мисијата на Меѓународната вселенска станица откако еден астронаут доживеа медицинска итна состојба.
08.01.2026
Дали сме подготвени за живот некаде далеку во галаксијата?
Во последниве години астрономите открија дека нашата галаксија е преполна со планети што се сосема различни од сè друго во нашиот Сончев Систем. Една таква егзотична планета е K2-18b.
01.06.2025
Од бизнис со криптовалути до вселенска станица вредна милијарда долари
Изградбата и лансирањето вселенска станица во која луѓе можат удобно да живеат не се лесна задача.
11.05.2025
Ербас доби договор од 150 милиони фунти за слетување европски ровер на Марс
„Ербас“ ќе гради платформа за слетување што ќе испорача ровер произведен во Велика Британија на Марс за мисија со која што се бараат знаци на живот.
29.03.2025
Астронаути на НАСА се вратија на Земјата откако со месеци беа заглавени во вселената
Двајца астронаути на НАСА што поминаа девет месеци во орбитата конечно се вратија на Земјата во капсула на компанијата „Спејс екс“ на Илон Маск.
19.03.2025
НАСА првпат соопшти за случајот на 7 јануари, одложувајќи ја вселенската прошетка поради здравствениот проблем. НАСА не го откри името на астронаутот или природата на медицинскиот проблем поради загриженост за приватноста.
Четирите члена на „Кру-11“ (Crew-11) полетаа кон станицата во август во мисија што се очекуваше да трае околу шест месеци, што е типичното времетраење на патувања со екипаж до станицата.
Тимот на „Кру-11“ го сочинуваат астронаутите на НАСА, Зена Кардман и Мајк Финке, Кимија Јуи од Јапонската агенција за вселенски истражувања и космонаутот на „Роскосмос“, Олег Платонов.
Сега кога „Кру-11“ ја напушти вселенската станица, двајцата руски космонаути и астронаутот на НАСА Кристофер Вилијамс останаа на бродот.
Агенцијата работи на забрзување на пристигнувањето на следната екипа, чие лансирање се планираше за февруари, за да се закотви на станицата пред да полета „Кру-11“.