text size
Нов напад во Ријад, оштетена зграда на нафтениот гигант „Арамко“
Канцелариите на „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) во Ријад беа цел на напад во неделата, додека Саудиска Арабија се соочува со нов бран удари од Хутите во Јемен, кои имаат поддршка од Иран.
Административна зграда на саудискиот државен нафтен гигант претрпе штета од паднати шрапнели, соопштија Министерството за енергетика и Саудиската новинска агенција. Според нив, нема загинати ниту повредени.
Прочитај повеќе
„Арамко“ има за цел да го зголеми производството на нафта до максимум
Саудиска Арабија во октомври произведувала меѓу 9 и 10 милиони барели сурова нафта дневно. Натамошен раст би ја приближил до квотата на ОПЕК од 10,478 милиони барели дневно, утврдена за остатокот од годинава.
03.11.2026
Нападите на Хутите ескалираат: „Сауди Арамко“ го затвора седиштето
Вработените во седиштето на „Арамко“ се испратени да работат оддома. Безбедносната криза веќе го одложи и главниот инвестициски самит на кралството.
22.10.2026
Гранатирано седиштето на „Сауди Арамко“
Хутите ги интензивираат нападите, расте бројот на жртви, а кризата се заканува да го наруши глобалното снабдување со нафта.
14.10.2026
Саудијците сакаат да го зголемат извозот на нафта преку Ормуз по нападот врз клучниот нафтовод
Затворањето на клучниот саудиски нафтовод ја враќа нафтата кон ризичниот Ормуз, но недостигот од танкери ги зголеми трошоците за превоз на рекордно ниво.
15.09.2026
„Арамко“ предупреди дека отворањето на Ормуз не значи крај за проблемите
САД чекаат дали Исламската Република ќе го прифати планот на претседателот Доналд Трамп за отворање на Ормускиот Теснец.
10.05.2026
Профитот на „Арамко“ ги надмина очекувањата по растот на цената на нафтата предизвикан од војната
Приспособената нето добивка се зголеми за 26 проценти.
10.05.2026
Главната канцеларија на „Арамко“ во саудиската престолнина се наоѓа во финансискиот кварт „Крал Абдула“, каде што веќе околу еден месец е во сила наредба за работа од далечина.
Неделниот инцидент е уште еден во низата удари врз инфраструктурата на „Арамко“ во последните недели. Меѓу целите беа седиштето на компанијата во Дахран и нафтеното поле Шајба во Источната провинција.
Ова е можеби и најзначајниот напад врз Ријад откако минатиот месец борците на Хутите го нападнаа главниот аеродром во градот. Тогаш загинаа повеќе од 12 лица, стотици беа повредени, а воздушниот сообраќај кон и од кралството беше сериозно нарушен.
Настаните викендов се закануваат дополнително да го зголемат притисокот врз саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман. Тој настојува неговиот план за диверзификација на економијата, вреден неколку билиони долари, да се одвива според предвиденото, додека се справува со последиците од речиси секојдневните напади на Хутите.
Силите предводени од Саудиска Арабија во неделата соопштија дека пресретнале балистички и крстосувачки ракети истрелани кон Ријад и спречиле напади на југот и на истокот.
Овие настани се случуваат во време кога на Блискиот Исток сè повеќе се шпекулира за натамошниот тек на војната меѓу САД и Иран и за изборите во Израел. По повеќемесечен застој, Вашингтон и Техеран се приближуваат до можен пробив во напорите да се стави крај на конфликтот, објави „Блумберг“.
Во Израел, Гади Ајзенкот, изборниот ривал на премиерот Бенјамин Нетанјаху, е чекор поблиску до тоа да стави крај на премиерскиот мандат на Нетанјаху, откако доби можност да формира нова влада.