Два дрона предизвикаа експлозии во близината на американската амбасада во Ријад, вовлекувајќи ја Саудиска Арабија подлабоко во растечкиот конфликт меѓу Иран, САД и Израел и поттикнувајќи го претседателот Доналд Трамп да најави одмазда.
Трамп изјави за „Њуз нејшн“ (NewsNation) дека САД ќе одговорат, додавајќи: „Ќе дознаете наскоро во каква форма ќе биде тоа“. Тој додаде дека веројатно нема да биде потребно да се испратат трупи на терен, како што јави медиумската куќа.
Инцидентот околу амбасадата резултирал со „ограничен пожар и мала материјална штета на објектот“, според соопштението на Министерството за одбрана на Саудиска Арабија на платформата X.
Прочитај повеќе
Стејт департментот ги повика Американците веднаш да го напуштат Блискиот Исток
Повикот дојде неколку часа пред американската амбасада во Ријад да биде нападната од два дрона.
03.03.2026
Европската економија може да издржи ако војната со Иран заврши за еден месец
Европа е најизложената голема економија на енергетски шок од војната со Иран, а исходот ќе зависи од тоа колку ќе трае конфликтот.
03.03.2026
Драматичниот раст на цените на енергентите го зголемува стравот од инфлација
Вчерашната слика од глобалните пазари потсетува на периодот од пред точно четири години кога Русија ја започна војната во Украина. Растот на цените на енергентите тогаш доведе до енергетска криза, која прерасна во инфлациска криза, најголема во последните 40 години.
03.03.2026
Паднаа три американски воени авиони, по грешка биле погодени над Кувајт
Три американски авиони Ф-15 по грешка соборени од сојузничката одбрана. Пилотите се спасени, но инцидентот отвора сериозни прашања во екот на тензиите со Иран.
02.03.2026
Тоа доведе до нова наредба издадена од САД за криење и засолнување во Ријад и Џеда, додека наредбата за Дахран во источната провинција исто така остана во сила. Државниот секретаријат наедно ги повика американските државјани да го напуштат Блискиот Исток, вклучувајќи ја и Саудиска Арабија.
Набрзо по првичните потврдени инциденти во утринските часови во дипломатскиот кварт во Ријад, каде што се наоѓа американската амбасада, жителите пријавија дека слушале силни експлозии во главниот град, што укажува на повеќе активности.
Неколку часа подоцна Министерството за одбрана на Саудиска Арабија соопшти дека нивните сили пресретнале и уништиле осум дрона во близината на Ријад и Ал-Карџ, според соопштението на X.
Саудиска Арабија ризикува да биде вовлечена подлабоко во конфликтот на Блискиот Исток што започна во текот на викендов, бидејќи Иран изгледа дека го зголемува интензитетот на своите напади врз кралството.
Државната нафтена компанија „Сауди Арамко“ вчера ја затвори најголемата нафтена рафинерија во земјата по нападот со дрон во таа област. Ријад исто така соопшти дека пресретнал неколку дрона што летале кон американска воена база околу сто километри оддалечена од главниот град.
Нападот врз американската амбасада во Ријад е првиот голем инцидент во главниот град на Саудиска Арабија, кој има околу 8 милиони жители, откако Иран започна да ги напаѓа своите соседи во Персискиот Залив во саботата како одговор на бомбардирањето од САД и Израел.
Трамп изјави дека нападот на САД и Израел врз Иран, кој започна откако тој изјави дека Техеран одбил да се откаже од нуклеарното оружје, може да трае со недели. Државниот секретар Марко Рубио предупреди дека „најтешките удари“ допрва претстојат.
Сепак и Исламската Република продолжува да стрела проектили низ Блискиот Исток како одговор на нападот на САД и Израел.