Следните четири недели ќе одредат дали европската економија се соочува со нова криза или само со краткотрајна пречка во закрепнувањето.
Толку, според Доналд Трамп, ќе траат нападите врз Иран, воени дејства што веќе го убија ајатолахот Али Хамнеи, предизвикаа бран контранапади низ Блискиот Исток и ги турнаа нагоре цените на енергентите.
Подолга воена операција носи ризик да го саботира кревкото закрепнување на еврозоната и повторно да ги разбуди инфлаторните притисоци што Европската централна банка со мака се обидува да ги стави под контрола. Зависноста од нафта и гас од регионот ја прави Унијата „најизложена голема економија“ на прелевање на последиците од Иран, смета Карстен Бжески од ИНГ (ING).
Прочитај повеќе
Нападот врз Иран ги погоди и берзите во регионот
Регионалните пазари на капитал забележаа негативни реакции, следејќи го трендот на опаѓање присутен и на глобалните берзи.
02.03.2026
Напад врз голема рафинерија во Катар го потресе светскиот пазар за ЛНГ
Катар го запре производството на течен природен гас по ирански напад со дронови, а цените на гасот во Европа скокнаа над 50 отсто.
02.03.2026
Се крие ли на берзата во Техеран клучот за експлозивни профити?
Техеранскиот пазар е целосна мистерија за западниот свет, но за храбрите инвеститори може да донесе значајни профити.
02.03.2026
Војната на Блискиот Исток го запре издавањето европски обврзници
Издавачите на обврзници привремено ги запреа новите пласмани во Европа, бидејќи конфликтот на Блискиот Исток ги потресува глобалните пазари, зголемувајќи ги индикаторите за кредитен ризик.
02.03.2026
Драматичниот раст на цените на енергентите го зголемува стравот од инфлација
Вчерашната слика од глобалните пазари потсетува на периодот од пред точно четири години кога Русија ја започна војната во Украина. Растот на цените на енергентите тогаш доведе до енергетска криза, која прерасна во инфлациска криза, најголема во последните 40 години.
03.03.2026
„Ако конфликтот биде краткотраен и цените на енергијата пораснат само привремено, штетата ќе биде ограничена“, велат Антонио Барозо и Симона Деле Киаје од „Блумберг економикс“ (Bloomberg Economics). „Но, продолжена војна што ќе ги одржува цените на нафтата и гасот високи може да ги принуди владите да трошат повеќе за да ги заштитат гласачите од растечките трошоци - и да ги стави актуелните лидери под притисок.“
Како повисоките цени на нафтата би влијаеле врз растот и инфлацијата во еврозоната
Bloomberg
Работите годинава изгледаа охрабрувачки за Европа, при што повисоката државна потрошувачка во Германија и пошироко требаше да поддржи умерено економско проширување и инфлација во голема мера усогласена со целта од 2 отсто на Европската централна банка.
Но ескалацијата со Иран доаѓа по обновената неизвесност околу американските царини, откако Врховниот суд ги поништи првичните давачки воведени од Доналд Трамп.
Засега нема поголема паника дека еврозоната е исфрлена од курсот. Холгер Шмидинг, главен економист во „Беренберг“ (Berenberg), вели дека и натаму ќе ја темели својата прогноза врз просечна цена на брентот од 65 до 70 долари за барел, и покрај тоа што таа во понеделникот надмина 80 долари, што тој го опиша како веројатен „краткорочен скок“.
„Очекувам Трамп да вложи големи напори за да спречи траен раст на цените на енергијата што би можел да му наштети дома“, изјави Шмидинг. „Американските гласачи веќе го обвинуваа за високите потрошувачки цени пред нападите врз Иран.“
Иран исто така има силни мотиви да избегне прекумерни тензии во Ормускиот Теснец, коридорот низ кој минува околу една петтина од светската трговија со нафта и гас по морски пат.
„Кина, која заедно со Русија е единствената голема сила што го поддржува Иран, во голема мера зависи од таа поморска рута за увоз на нафта и ќе изврши притисок врз Техеран да не ја доведе во прашање“, изјави Едоардо Кампанела, економист во „Уникредит“ (UniCredit).
Што велат од „Блумберг економикс“...
„Американско-израелскиот напад врз Иран и одмаздата на Техеран веќе ја турнаа цената на нафтата кон 80 долари за барел, од просек од 65 долари пред ескалацијата. Таа може да надмине 100 долари доколку се прекине снабдувањето преку Ормускиот Теснец. Европските цени на гасот исто така пораснаа, со ризици за натамошен раст доколку конфликтот се интензивира. Спроведувањето на овие сценарија во нашиот економски модел покажува дека индексот на потрошувачките цени ќе порасне, а БДП ќе се намали кај главните развиени економии, што ќе создаде спротивставени импулси за централните банки.“
- Џејми Раш, Бјорн ван Роје и Зијад Дауд
Но додека креаторите на политиките во Европската централна банка, Габриел Маклуф и Мартин Кохер, оценија дека е прерано да се носат заклучоци за тоа што значат нападите од викендот за економијата, белгискиот гувернер Пјер Вунш изнесе што би можела да значи продолжена војна.
„Секако не би брзал да реагирам на какви било движења на цените на енергијата“, рече тој. Но „ако тоа трае подолго, ако растот на цените на енергијата биде повисок, тогаш ќе мора да ги активираме нашите модели и да видиме што ќе се случи.“
И покрај веројатниот удар врз европската економија, скокот на цените на суровините сепак би имал нето инфлаторно влијание, додаде Вунш. Трговците претходно во текот на денот ги намалија обложувањата за дополнителни намалувања на каматните стапки од страна на Европската централна банка годинава.
Тие внимателно ќе ги следат европските цени на гасот, кои скокнаа за дури 54 отсто откако Катар го запре производството во најголемиот светски извозен капацитет по напад со ирански дрон.
Bloomberg
Моментот е особено неповолен за Европа, каде што резервите веќе се невообичаено ниски, што значи дека регионот ќе мора да увезе големи количества течен природен гас ова лето за да ги наполни складиштата пред следната зима.
Како општо правило, траен шок од 10 долари по барел на нафтата би ја зголемил инфлацијата во еврозоната за 0,4 процентни поени, проценува „Морган Стенли“ (Morgan Stanley). Во меѓувреме економскиот раст би бил понизок за 0,15 процентни поени.
Последните проекции на Европската централна банка предвидуваат инфлацијата да остане под целта до 2028 година, при што растот би се забрзал на 1,4 отсто следната година од 1,2 отсто во 2026 година.
Новите прогнози на ЕЦБ за инфлацијата и растот
ЕЦБ
Засега, повеќето не го гледаат растот на цената на нафтата како трајна промена.
„Инвеститорите постапуваат претпазливо и се обложуваат на релативно краток конфликт“, изјави Тобијас Басе од „Норд ЛБ“ (NordLB). Тој посочи дека германскиот референтен индекс DAX, кој моментално изнесува 24.638 поени, „и понатаму е насочен кон психолошки важната граница од 25.000 поени“.
Сличен став има и инвестицискиот менаџер „Блекрок“ (BlackRock).
„Пазарите и клиентите со кои разговараме гледаат на ова како на шок од волатилност, а не како на шок од понудата, и тоа е важна разлика“, изјави за „Блумберг ТВ“ Карим Шедид, раководител за инвестициска стратегија за регионот Европа, Блиски Исток и Африка.
„Широко гледано, ова не е сеизмички шок за инфлацијата.“