text size
Саботното утро беше обележано со нагла ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, откако САД и Израел заеднички изведоа напад врз Иран. Веста предизвика силни реакции на глобалните пазари, особено во енергетскиот сектор, имајќи ја предвид стратешката важност на регионот за снабдување со нафта и гас. Во продолжение, анализираме како овие настани се одразија врз регионалните пазари на капитал.